„Граѓанската иницијатива „АМАН“ доби зелено светло од Владата да ја спроведе иницијативата за собирање 10.000 потписи за измени во Законот за енергетика, а Државната комисија за ова го известила „АМАН“ , соопшти еден од членовите на граѓанската иницијатива, Васко Лазаревски, објави радиомоф.
Според законот ДИК ги отвора локалните канцеларии во 34 општини, каде граѓаните во следните три месеци ќе можат да го дадат својот потпис за поддршка на иницијативата.
По ова се врши проверка дали сите потписи се валидни. Доколку има доволен број на потписи, тогаш пратениците ќе го разгледуваат Законот, но ова не значи и дека ќе биде усвоен, бидејќи за негово изгласување треба да се изјасни позитивно и владеачкото мнозинство.
Истиот случај беше и во 2008 година, кога во Собранието како граѓанска иницијатива, со повеќе од 20.000потписи влезе Законот за бранители , но владеачката коалиција на чело со ВМФРО-ДПМНЕ не гласаше за овок закон.