Судскиот процес за настаните во „Диво Насеље“, Кумановско, од 9 и од 10 мај минатата година продолжува во септември.
И следното рочиште, ќе биде затворено за јавноста и нема да им биде дозволено на новинарите да го следат, бидејќи сè уште не е завршено сослушувањето на заштитените сведоци, предложени од Обвинителството.
Судењето се одвива во големата сала на Врховниот суд, која со одлука на Владата на РМ му беше отстапена на Кривичниот суд на привремено користење во рок од шест месеци.
Последното рочиште се одржа вчера.
Дел од обвинетите се пожалиле на здравстевни проблеми и тврделе дека биле малтретирани, поради што била повикана и екипа на итна медицинска помош. Но, по прегледот на обвинетите, лекар констатирал дека тие можат да го следат рочиштето.
Судскиот процес против 29 обвинети во случајот „Диво Насеље“ почна на почетокот на февруари годинава. На почетокот на јуни, целиот процес почна одново откако обвинителството со овој случај го спои и предметот „Молња“, во кој осум лица се обвинети дека обезбедувале логистичка поддршка за кумановската група.
Во настаните во Куманово животите ги загубија осум припадници на специјалните полициски единици, а 37 беа ранети, додека во борбите со полицијата беа убиени 10 членови на вооружената група.Сподели
Во предметот „Молња“, пак, обвинети се 8 лица за помагање на вооружената група.