Чавушоглу: Над 300 службеници на турското МНР поврзани со обидот за пуч

Од:

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека над 300 службеници на Министерството  за надворешни работи биле поврзани со обидот за преврат во земјата, што беше изведен на 15 јули.

Во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен-Турк, Чавушоглу најави и дека „двајца или тројца амбасадори“ можно е да бидат сменти од должноста.

Претходно, денеска Чавушоглу соопшти дека 88 службеници на Министерството се отпуштени поради поврзаност со обидот за преврат. 

Тој во интервјуто нагласи и дека германската Влада треба на Турција да и предаде некои обвинители поврзани со муслиманскиот верски лидер Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на обидот за пуч во земјата, а кои побегнале во Германија.

Чавушоглу, исто така, наведе дека е дојдено до извесно позитивно придвижување во ставот на САД за екстрадицијата на Ѓулен, кој се наоѓа во доброволен егзил во оваа земја.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ