Куртулмуш: Турција ќе ги отстрани сите заговорници од државните институции

Од:

Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш денеска изјави, дека сите „заговорници-терористи“ ќе бидат отстранети од државните институции, јави БТА. 

-Ние ќе го демократизираме системот, така што никој никогаш нема да помисли да кова заговор за друг државен удар во Турција, нагласи Куртулмуш.

Вицепремиерот објасни дека процесот на демократизација ќе почне со средбата на Високиот воен совет во турската премиерска резиденција, што ќе се одржи утре. 

Се очекува на средбата да бидат објавени голем број промени во раководството на вооружените сили. 

– Ќе ги отстраниме сите паразити, непријатели на државата и нивните соучесници од турските вооружени сили, истакна Куртулмуш, и додаде дека со мерките кои се преземаат, по обидот за преврат, Турција ќе стане подемократска држава. 

Најмалку 246 лица загинаа, а над 2.100 беа повредени при обидот за пуч во Турција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ