Турската армија денеска соопшти дека во неуспешниот обид за воен удар учествувале 8.651 војници, што е 1,5 отсто од вкупниот број на припадници на вооружените сили во Турција.
Според армијата, сите овие војници се членови на терористичката мрежа предводена од Фетулах Ѓулен, муслимански верски лидер кој доброволно живее во егзил во САД.
– Пучистите за време на воениот удар на 15 јули користеле 35 авиони од кои 24 ловци, 37 хеликоптери, 37 тенкови и 246 оклопни возила, се наведува во соопштението на турската армија.
Најмалку 246 луѓе загинаа, а над 2.000 се повредени во обидот за воен удар во Турција.