Хилари Клинтон ја пишува историјата, таа е прва жена претседатeлски кандидат во САД.
На партискиот конгрес во Филаделфија, 68-годишната Клинтон доби апсолутно мнозинство гласови на делегатите и е номинирана за претседателски кандидат на Демократска партија.
Нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Бил Клинтон ги повика демократите и американската јавност да гласаат за Хилари во ноември, велејќи дека таа ќе направи САД да бидат посилна и подобра држава.
Заблагодарувајќи се преку видеопорака, Клинтон на своите приврзаници им порача: „Ова е ваша победа“.
На младите девојки, Клинтон им порача:„ Јас можеби ќе бидам прва претседателка на Соединетите Американски Држави, но една од вас е наредната.“
Резултатот од гласањето на делегатите беше објавен од страна на поразениот противкандидат на Клинтон, Берни Сандерс. Сенаторот од Вермонт во својот говор во понеделникот застана зад Хилари Клинтон и најави заедничка борба против Доналд Трамп. И сопругата на американскиот претседател, Мишел Обама, побара поддршка за Клинтон.