Европската комисија е информирана за пресудата на Жупанискиот суд во Загреб против поранешниот хрватски премиер и лидер на ХДЗ, Иво Санадер, и повика во Хрватска да продолжи борбата против корупцијата на сите нивоа, пренесе Хина.
-Комисијата е информирана за пресудата за коруптивните случаи „ИНА-МОЛ“ и „ Хипо банка“, во кои беше инволвиран поранешниот премиер Иво Санадер. Борбата против корупцијата е еден од темелите на владеењето на правото во секоја држава. Хрватска направи огроемн чекор во оваа област, со солидната правна рамка и институциите, Комисијата ја повикува Хрватска да продолжи да се бори против корупцијата на сите нивоа, вклучувајќи ги и највисоките, како и да продолжи да гради оддржливи резултати во оваа област, изјави Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Санадер е прогласен за виновен за воено профитерство во случајот на „Хипо Алпе Адриа Банка“ и за земање поткуп во случајот „ИНА-МОЛ“ и е осуден на единственас казна затвор во траење од 10 години.
Тој има право на жалба.