Оланд: Напаѓачите во црквата кај Руан биле припадници на ИД

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд, кој го посети место на денешната заложничка криза во црквата во местот Сен Етјен ду Рувре, тврди дека „двајцата терористи“ биле припадници на групата Ислмаска држава (ИД), јави дописникот на МИА од Париз.

Претходно, во соопштението за јавноста францускиот претседател инцидентот во црквата го оквалификува како „гнасен терористички напад“.

За утре Оланд закажа средба со Конференцијата на претставниците на верските заедници во Франција.

Три лица, двајцата напаѓачи и еден католички свештеник, загинаа денеска при заложничка криза во црквата во Сен Етјен ду Рувре, во близина на францускиот град Руан.

Како што јави телевизијата Франс 24, двете вооружени лица, кои како заложници држеа неколку луѓе во црквата, се ликвидирани при акцијата на француските безбедносни сили за нивно „неутрализирање“. При акцијата напаѓачите го убиле локалниот свештеник и му нанеле посериозни повреди на уште едно лице. 

Би можело да ве интересира

Франција го презеде претседавањето со Европската Унија

Катерина Ѓуровски

Парискиот регион лани го посетиле 50 милиони туристи

Австралија и Франција склучија договор за изградба на 12 подморници

Во Париз судири меѓу полицијата и штрајкувачите

Емир Латифовиќ

Саем на студии во Франција во НУБ „Св. Климент Охридски“

Емир Латифовиќ

Почина ранетиот француски фоторепортер

Емир Латифовиќ