А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МФ: Финализирана продажбата за еврообврзницата, тужби за СДСМ

by А1он26/07/2016 - 15:29221
Share0

Финализирана е продажбата на еврообврзницата. Издадени им се обврзниците на инвеститорите, а средствата се уплатени на сметката на Министерството за финансии во Народната банка.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти Министерството за финансии, согласно постапката за издавање еврообврзница, денеска е потпишано и приложено правното мислење потпишано од министерот за правда кое се издава на денот на трансакцијата, односно уплатата на средствата и запишувањето на обврзниците на име на инвеститорите.

– Од денот на аукцијата до денот на финализирањето на продажбата на еврообврзницата со уплата на средства и запишување на сопственост, се средува документацијата – период кој беше искористен од страна на опозицијата да шири невистини во јавност со неточно толкување на законската регулатива, наведува Министерството.

Додава и дека со кампањата спроведена од СДСМ изминатиот период беше нанесена штета по угледот на Министерството за финансии, министерот за финансии и владиниот тим што учествуваше во постапката, но и материјална штета по сите граѓани на Република Македонија преку подигање на каматната стапка како резултат на ефектите од таа кампања.

– Црната кампања придонесе за штета од околу 25 милиони евра по основ зголемена каматна стапка, средства кои неоправдано Република Македонија и граѓаните на Република Македонија ќе ги плаќаат во наредните седум години. Со цел да се заштити меѓународниот углед на државата и на Министерството за финансии, ќе ги преземеме сите законски мерки за да се санкционира своеволието и неоправданото дејствување на опозициската СДСМ, кое е се освен одговорно однесување на една политичка партија која се грижи за доброто на граѓаните, стои во соопштението од Министерството за финансии.

finansii

Би можело да ве интересира

МФ: Откриени измамнички трговски практики кај финансиски друштва

Горан Наумовски11/03/2026 - 13:06

„Фич“ ја оцени Македонија со кредитeн рејтинг „BB+“

Горан Наумовски20/09/2025 - 11:38

Јанкуловски: Предложените измени на Буџетот за 2025 година се потврда за неопходноста од консолидација со јавните финансии

Горан Наумовски02/07/2025 - 12:53

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски19/04/2024 - 13:0019/04/2024 - 15:03

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски09/02/2024 - 10:4109/02/2024 - 11:12

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ04/01/2024 - 12:3104/01/2024 - 12:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен