Торбјорн Фалдин, поранешен премиер во првата несоцијалистичка влада на Шведска по Втората светска војна, почина вчера на 90 години.
– Фалдин, кој беше лидер на Партијата на центарот, почина синоќа на својата фарма во источниот дел од земјата, изјави денеска актуелната лидерка на партијата Ени Луф.
Поранешниот фармер, кој ја предводеше земјоделската партија, во 1976 година ја доведе коалицијата на десниот центар на власт, со што заврши 40-годишното владеење на социјалдемократрите во Шведска.
Владата на Фалдин падна две години подоца, во екот на расправата за нуклеарната моќ, на која силно се спротиставуваше Партијата на центарот.