Турскиот министер за европски работи, Омер Челик, денеска изјави дека обидот за пуч во земјата не значи крај за европските аспирации на Турција и вети дека Анкара ќе ја почитува спогодбата со ЕУ за решавање на мигрантската криза.
-Не веруваме дека е ова крајот на тој пат. Време е за сосема нов импулс, рече Челик во Анкара, а пренесоа француските медиуми.
Челик додаде дека договорот за бегалците продолжува без било каков застој, и покрај неодаменшниот обид за државен удар во Турција.