МФ: Тврдењето на СДСМ недостоинствен обид за дневно-политички маркетинг

Од:

Настојувањето во јавноста да се фрли сомнеж на законитоста на издавањето на еврообврзницата со извртување на вистината, е само недостоинствен обид на СДСМ за дневно-политички маркетинг, реагира Министерството за финансии (МФ) по денешното соопштение на опозициската партија.

– Министерството за финансии повеќе пати истакна дека правното мислење е усогласено и со светски реномираните банки преку кои е издадена обврзницата и со Министерството за правда, како и дека процедурата за издавање на еврообврзницата соодветствува со сите претходно издадени еврообврзници. СДСМ треба да има кадри кои ја знаат постапката, со оглед на тоа дека во време на нивно владеење беше издадена првата еврообврзница, наведува МФ и додава дека е целосно посветено на почитување на принципите на законското и транспарентното работење во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Ангеловска: Буџетот на Здравство е навистина добро скроен и може да издржи дополнителни потреби

Ландов

Конференција за поврзаноста помеѓу спречувањето измами и истрагите

А1он

Продолжен рокот за приватизација на земјиште, изгласани законските измени

Ана Ололовска