Германската полиција утрово изврши претрес во станот на 18-годишниот напаѓач во трговскиот центар во Минхен.
Напаѓачот живел заедно со своите родители во реонот Максфорштад.
Во вчерашниот напад девет лица загинаа, а 16 се повредени. Шефот на полицијата во Минхен, Хубертус Андере истакна дека е пронајдено и телото на напаѓачот, кој извршил самоубиство.
Напаѓачот е идентификуван како Германец со иранско потекло, кој немал криминално досие и најверојатно дејствувал сам.
– Мотивите за нападот се целосно нејсани, посочи Андре.
Претходно полицијата веруваше дека во нападот учествувале три лица, но Андре прецизира дека другите две лица за кои се веруваше да се соучесници, само бегале од истрелите.