Фолклористи од Македонија и од Балканот како и фолклорни групи од Полска ќе учествуваат на годинашното издание на меѓународната манифестација „Фолклорен Мост“ што ќе се одржи вечер во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Како што најавуваат организаторите, учесниците на фестивалот преку песни и игри ќе ги престават фолклорните традициии и културните особености на своите земји.
Традиционално манифестацијата ќе започне со свечено дефиле на учесниците.
Целта на манифестацијата „Фолклорен Мост“ е запознавање и ширење на културите преку дружење на учесниците.