Хрватска платила 30 милиони евра за генералите

Од:

За одбраната на Анте Готовина, Младен Маркач и Иван Чермак од 2006. година до 2012. година Хрватска од буџетот платила вкупно 30 милиони евра.

Адвокатите на тројцата генерали се платени во најголем дел од буџетот, додека непознат дел од сумата е исплатуван и од „Здружението за вистината за татковинската војна“.

Најевтини се првите две години, 2006. и 2007. година кога се исплатени 1, 25 милиони евра. Сумата се зголемува во 2008. година кога почнува судењето, односно исплатени се 8,6 милиони евра.  Една година подоцна на сметката на адвокатите се префрлени уште 6, 3 милиони евра , а во 2010. година уште 6, 9 милиони евра.

Иако хрвaтските медиуми се обиделе да дојдат до податокот каде завршувале овие пари и до договорите врз основа на кои се поделени сумите, тој податок не го добиле.

Што се однесува до жалбената постапка со која се ослободени генералите, хрватската влада потпишала едногодишен договор со адвокатско-лобистичката фирма Paton Bogs LTD, каде исто била исплетана поголема милионска сума.

Би можело да ве интересира

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски

Готовина го подели Трибуналот: Пресудата е спротивна на правдата