Готовина го подели Трибуналот: Пресудата е спротивна на правдата

Од:

Членот на жалбениот совет на Хашкиот тривунал Фаусто Покар оцени дека ослободителната пресуда за генералот Анте Готовина е „спротивна на било какво чувство за правда“.

„Не верувам дека е задоволена правдата кога вината  утврдена со пресудата која првостепениот суд ја донесе за што сведочат и преку 300 страници анализа-со еден потег се преиначи во ослободителна без примерно објаснување“, рече италијанскиот судија Покар.

Покар укажува на „големиот број грешки и погрешни конструкции во резонирањето на тројцата судии од САД, Турција и Јамајка“, оценувајќи дека пресудата се заснова на погрешна интерпретација на заклучоците на првостепениот совет и кршење на судската пракса и стандардите во жалбената постапка.

Покар и судијата Аџијус велат дека тројцата судии ги занемариле и го отфрлиле големиот број докази на кои била заснована првостепената пресуда.

Според тие докази, артилериските напади на хрвтаската војска врз Книн, биле противправни и во рамки на здружен злосторнички потфат, а Готовина и Маркач биле протагонисти со цел трајно да се протера српското население.

На чело на тој потфат според поништената пресуда бил тогашниот претседател на Хрватска, Фрањо Туџман.

Во анализата на пресудата, италијанскиот судија Покар нагласува дека тројцата судии „глумеле“ дека го разгледуваат сиот доказен материјал, и дека применувале погрешни аршини во разгледувањето на првостепената пресуда и жалбата.

Со погрешната интерпретација на мнозинството, Покар како клучен го наведува заклучокот дека тројцата судии кои гласаа за ослободување на генералите, откриле дека гранатирањето на Книн било легитмно, иако гранатите паѓале надвор од кругот од 200 метри од претпоставените легитимни воени цели.

Од тука тие го оизвеле и доказот-ако немало противправно гранатирање, тогаш немало ни здружен злосторнички потфат.

Покар наведува дека судиите не ги зеле во предвид ни доказите, како транскриптот од состанокот на воено-политичкиот врв на Хрватска на Бриони во 1995 година, на кој хрватаскиот претседател Фрањо Туџман и генералот Готовина планирајќи ја операцијата „Олуја“, договориле и заеднички план да ги протераат српските цивили од Крајина.

Во острата реакција на Покар се нагласува и дека тројцата судии не ја зеле предвид ниту наредбата на генералот Готовина „градовите да се стават под артилериски оган“ како ни бројните сведочења на очевидците, војниците на УНПРОФОР и експертите.

Судијата Аџијус кој исто се спротивстави на ослободителната пресуда на генералот Готовина, нагласува дека не може да се игнорира фактот што на Книн паднале 900 проектили за еден ден, а посебно што немало никаков отпор од градот.

Ефектот од одлуката на тројцата судии по него е сите артилериски погодоци да се прогласат за потенцијално законски, иако има назнаки дека тоа воопшто не се.

„Врз основа на сите овие фактори, заклучив дека нападот на Книн бил неселективен и со самото тоа противправен“, вели судијата Аџијус.

Како доказ дека постоело злосторничко здужување, Покар потсетува дека во првостепената одлука било тоа што после брионскиот осстанок на кој било договорено да се протера српското население, следувал токму тој резултат-депортација на намалку 200.000 Срби кои со артилериски оган насилно биле покренати од градовите.

Според него, тројцата судии кои гласале за ослободителна пресуда, ги занемариле доказите за злосторствата кои хрватската војска и специјалната полиција после „Олуја“ ги извршиле над Србите кои останале во Крајина, како и дискриминаторските мерки ан Загреб да го спречи враќањето на српското население.

Тој вели и дека со одлуката да бидат ослободени генералите, испуштиле да објаснат и да покажат каде погрешил првостепениот совет кога утврдил дека постои злосторничко здружување.

„Ако тие сакаа да ги ослободат Готовина и Маркач, некој би можел да се запраша што сакаа да постигнат со поништувањето на наодите дека постоел здружен злосторнички потфат, наместо да се концентрираат на нивниот придонес во тој потфат. Го оставам тоа прашање отворено“, заклучува Покар.

Би можело да ве интересира

Хрватска платила 30 милиони евра за генералите