ТХП:Се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прави опструкции на договорот

Од:

Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП) со соопштение го кажа својот став за постигнатиот договор меѓу четирите политички партии.

Еве што напиша ТХП:

Со искрени очекувања го поздравуваме вчера постигнатиот договор со кој се овозможува реализација на Пржинскиот договор. Се надеваме дека овој ист договор нема да најде на опструкции од страна на ВМРО-ДПМНЕ и конечно ќе се направат реални чекори за излез од оваа криза и враќање на демократските вредности.

Сметаме дека еден клучните точки на вчерашниот договор е тоа што предвидени се реформи околу спроведувањето на Охридскиот Рамковен Договор. Иако оваа тема ретко се актуелизира, станува збор за договор кој игра многу важна улога во функционирањето на државните апарати.

Ги охрабруваме сите инволвирани страни што поскоро да почнат со реформите и овој пат да не ги заборават помалку бројните етнички заедници, бидејќи како што се потврдува и во извештајот на Прибе, во измзинативе 15 години оваа група граѓани беа најоштетени од погрешната имплементација на Охридскиот Рамковен Договор.

Партијата за Движење на Турците во Македонија секогаш е спремна да придонесе максимално во рамките на своите можности за да се создаде општество во кое ќе владеат демократијата и еднаквоста.

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска