СДСМ денеска треба да се врати во пратеничките клупи

Од:

Опозициската СДСМ денеска, според договорот треба да се врати во пратеничките клупи и да учествува во дебатата и носењето на измените на Изборниот законик.

Со ова СДСМ го одмрзнува учество во работата на Парламентот, кое беше испровоцирано од неизјаснувањето на Уставниот суд за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство.

Според пред два дена потпишаниот договор за спроведвање на договореното од Пржино, денеска во Собранието треба да се усвојат измените во Изборниот законик што се однесуваат на прочистување на Избирачкиот список. Сепак ваква седница се уште не е закажана.

Новиот договор подразбира дека до 31 август треба да се исполнат неколку услови за одржување фер и кредибилни избори на крајот на годината (можен термин е 11 декември). Условите се однесуваат на Избирачкиот список, медиумите, работата на МВР и на Специјалното јавно обвинителство.

Во однос на Избирачкиот список договорено е 171.500 лица за кои се претпоставува дека се наоѓаат во странство, да бидат ставени на дополнителен список и треба да се направи нова проверка за 40.000 лица. За ова неопходни се измени во Изборниот законик, а рокот е денеска.

На 31 август лидерите на четирите партии треба да се сретнат и да одлучат дали се исполнети договорените обврски и да го одредат датумот за предвремените парламентарни избори.З

Би можело да ве интересира

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Пратениците ја почнаа расправата за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски

Предлог-законот за заемот од Унгарија на пленарна седница

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта го турка коруптивниот Закон за кредит од Унгарија по секоја цена

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите