Тениските репрезентации на Франција и на Аргентина обезбедија учество во полуфинаето од најквалитетната група во Дејвис Купот, откако попладнево славеа победи во првите сингл мечеви на третиот ден од четвртфиналните пресметки.
Во Пезаро, Аргентинците направија недостижна предност од 3:1 во победи против домашната селекција на Италија, а исто такво водство што значи и вкупен триумф има Франција на гостувањето во Чешка.