Животот во Турција се врати во нормала по неуспешниот обид за воен удар, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим за државна телевизија.
Тој додаде дека Централната банка, пазарите на капитал, банкарскиот систем и берзата целосно функционираат.
Тој во обраќањето за турската истакна дека обидот за пуч „100 проценти“ е неуспешен, но ги повика граѓаните да останат на „демократска стража“.
– Операцијата на чистење набрзо ќе биде завршена. посочи Јилдирим.