Во Турција досега уапсени шест илјади лица поради обидот за воен преврат

Од:

Шест илјади лица се уапсени во Турција досега во врска во неуспешниопт обид за воен преврат, а се очекуваат и нови апсења, изјави министерот за правда Бекир Боздаг.

– Во моментов прочиствувањето продолжува. Досега има шест илјади уапсени. Бројката ќе биде поголема од шест илјади. Правниот процес во врска со овој случај ќе продолжи, рече Боздаг.
Во меѓувреме турскиот вицепремиер Мехмет Шимшек упати порака до инвеститорите да не стравуваат по обидот за пуч.

Тој на Твитер денеска објави дека Владата ја држи под контрола ситуацијата и оти донела одлука за сите неопходнио мерки, откако се консултирала со Централната банка и со државната каса.

Министерот не прецизираше точно за кои мерки станува збор.

Тој нагласи дека макроекономските показатели во земјата се стабилни и додаде дека подоцна ќе се одржи телеконференција со меѓународните инвеститори.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ