Француската полиција денеска во Ница уапси маж и жена поради поврзаност со Мохамед Лахуај Булел кој во четвртокот вечерта со камион влета во толпа луѓе на шеталиштето во градот, а одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава, пренесува Танјуг.
Претходно полицијата во Франција притвори петмина осомничени меѓу кои и сопругара на Булел.
Булел (31) кој е роден во Тунис, а живеел во Ница со камионот влета меѓу толпа луѓе на познатото шеталиште во градот, кои го набљудувале огнометот по повод 14 јули, при што уби 84, а рани повеќе од 300 луѓе.
Според светските медиуми властите Франција сега треба да докажат дека тој бил радикализиран исламист, а министерот за внатрешни работи Бернар Казнев истакна дека постои можност Булел многу брзо да бил радикализиран.