Гинај: Можно е пучот да е инсцениран

Од:

Виенскиот експерт за Турција Ченгиз Гинај изјави денеска дека не ја исклучува можноста турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го инсценирал обидот за пуч.

Гинај на австриската државна телевизија ОРФ рекол дека Ердоган сега би можел да ги инструментализира околностите за понатамошна изградба на својата моќ кон претседателски систем. 

– Ова се лоши времиња за Турција. Загрижен сум, изјави австрискиот експерт. 

Тој нагласи дека уште сега е забележлива мобилизацијата за Ердоган. Гинај укажува дека е интересно што и од страна на џамиите се мобилизирало населението и се повикувало на протести. 

– Тоа сето дава повод за шпекулации дека, иако некој друг го организирал пучот, во тек е експлоатација на оваа ситуација од страна на Ердоган, рече Гинај. 

Тој додаде дека не разбира како веќе наредниот ден по пучот се уапсени стотици судии и дека дури од слобода е лишен и судија на Уставниот суд, што дава повод за помислата дека отпорано постоела „листа“ со лица блиски на противникот на Ердоган. 

Гинај оценува дека Ердоган бил многу брз во обвинувањето на движењето на Фетулах Ѓулен за обидот за пуч.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ