Поранешниот командант на военото воздухопловство, уапсениот генерал Акин Озтурк е еден од организаторите на неуспешниот пуч, изјави денеска висок турски функционер, јави Танјуг.
Тој додаде дека првичните докази укажуваат на тоа дека меѓу организаторите на пучот се припадници на движењењто на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, како и генералот Озтурк.
Претставикот на властите, кој сакал да остане анонимен нагласи дека непосредна цел на организаторите на пучот била да преземат контрола врз клучните места, вклучувајќи ги Босфорскиот мост и плоштадот Таксим.
Нивната цел исто така била да се собори сателитската инфраструктура и да се заземат главните телекомуникациски центри.