Три лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Гостивар

Од:

Три лица ги загубија животите, а едно е повредено вечерва во судар на два автомобила на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Заради увидот кој започнал во 19:30 часот, сообраќајот на овој магистрален правец е во прекин.

Според информациите од СВР Тетово, тешката сообраќајна несреќа се случила на околу еден километар од влезот во Гостивар. Од првичните сознанија, „опел-астра“ со кичевски регистерски ознаки кој се движел од Кичево се судрил со „мерцедес“ со странски таблички, кој доаѓал од спротивен правец.

Од силината на ударот загинале сопатниците во опелот – две жени и еден маж. Возачот, бил пренесен во гостиварската болница каде му е пружена медицинска помош и се наоѓа надвор од животна опасност. Возачот на мерцедесот, поминал со полесни повреди и ќе биде задржан во полициска станица.

Идентитетот на настраданите и повредените, треба да ги соопшти јавен обвинител по увидот кој отпочна пред еден час. Заради прекинот во сообраќајот, кај ресторанот Панорама, од двете страни се создадени колони од возила. Нормализирањето на сообраќјот се очекува по завршување на увидот, велат полициски извори.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на скопската обиколница