Четирите парламентарни партии во Турција излегоа со заедничка декларација

Од:

Четирите водечки партии во Турција денеска усвоија заедничка декларација во врска со обидот за воен удар, што претставува редок пример за единство во вообичаено разединетата турска политичка сцена.

Изјавата на владејачката Партија на правдата и развојот и на опозициските Народнорепубликанска партија, Партијата на националистичкото движење и на прокурдската Демократска партија на народите беше прочитана на глас во Парламентот од неговиот претседател. 

Истовремено пред зградата на Меџлисот во Анкара се собраа илјадници граѓани, со развиорени турски знамиња за да го осудат обидот за соборување на Владата, извршен од фракцијата на армијата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ