САД и Турција заеднички работат на обновување на нападите врз ИД

Од:

САД соработуваат со турските власти, со цел што е можно поскоро да создадат услови за продолжување на воздушните напади на американската војска врз Исламска држава во Сирија и Ирак од базата Инџирлик во јужна Турција. 

Операциите од воздушната база се прекинати, бидејќи турските власти го затворија воздушниот простор околу Инџирлик по обидот за воен преврат во земјата, соопшти Пентагон.

– Во меѓувреме американската Централна команда ги прилагодува воздушните операции против ИД, со цел да ги минимизира евентуалните последици врз кампањата, изјави портпаролот на Пентагон, Питер Кук. 

Тој додаде дека американските објекти во Инџирлик работат благодарение на интерни извори на струја и оти исклучувањето на електричната енергија не влијае врз операциите на американската војска во базата. 

Турската војска денеска го затвори, па повторно го отвори воздушниот простор околу Инџирлик.
 
Турските власти ги известиле САД дека воздушниот простор ќе биде затворен се додека војската не ја преземе целосно контролата врз ситуацијата во тоа подрачје, по синоќешниот неуспешен обид за воен пуч. 

Конзулатот на САД ги предупреди американските државјани да ја избегнуваат таа воена база се додека не биде воспоставено нејзиното нормално функционирање. 

Воената база Инџирлик е постојана база на единиците на турското Воено воздухопловство, како и на американската воздухопловна единица, која се состои од околу 1.500 американски војници и цивилни службеници. 

Од таа воена база полетуваат американските војници, кои извршуваат воздушни напади врз позиции на Исламска држава во Сирија и Ирак.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ