Германија вчера повтори дека остро се спротиставува на отпишување на дел од грчкиот долг, кој е во нејзина сопственост, истакнувајќи дека тоа е незамисливо.
Берлин предупреди дека конечната одлука не може да биде донесена денеска, бидејќи парламентите на земјите-членки прво мора да ја одобрат исплатата на следната транша помош за Грција.
– Идејата другите влади и официјални институции како Европската централна банка (ЕЦБ) да ги преземат загубите од грчките државни обврзници во нивна сопственост е незамисливо, изјави портпаролката на германскиот министер за финансии, Маријен Коте.