Се вратија турските воени бродови, адмиралот го нема

Од:

Сите пет воени бродови, кои испловија за време на синоќешниот обид за воен удар во Турција се вратија во военото пристаниште Голчук во североисточна Турција, но се уште не се знае ништо за командатот на морнарицата, јави Анадолија.

Во поморската база се вратија пет фрегати и една корвета. Во извештајот се наведува дека не е познато дали командатот на морнаричката флота адмиралот Вејсел Коселе, за кого не се знае каде е, бил на еден од тие бродови.

Грчки воени извори објавија претходно денеска дека турска група, која се против на Владата во Анкара, ја презела контролата врз фрегата во турската поморска база Голчук. Светските агенции јавија дека е киднапиран и командант на турската флота, кого киднаперите го држат како заложник.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ