Пилотот кој го урна рускиот авион учествувал во пучот

Од:

Еден од учесниците на државниот преврат во Тирција бил и пилотот кој го собори рускиот авион Су-24, изјави градоначалникот на Анкара, Мелих Гокчек.

Според неговите зборови, пилотот бил член на организацијата на свештеникот Фетулах Гилен, за кој Анкара бара од САД да и биде предаден. Активностите на оваа организација Анкара ги нарече како “паралелна држава, иако Гилен лично ги отфрли сите обвинувања.

“Всушнност “паралелна држава“ ги расипа нашите односи со Русија. Тоа беше инцидент во кој учествуваше пилотот од таа организација. Тој беше еден од учесниците на пучот. Досега тоа не го објавувавме, ги задржавме сите информации за нас. Но јас, Мелих Гокчек, кажувам дека нашите односи со Русија се расипаа поради вакви ништожници“, рече градоначалникот на Анкара.

Сепак, откако беше урнат рускиот авион, турската влада кажа дека пилотот правилно постапил и застанаа во негова одбрана па и најавија слична реакција доколку се наруши нивниот воздушен простор. Ердоган се извини за инцидентот после неколку месеци и економската блокада која ја спроведе Русија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ