Зголемени безбедносните мерки во Инџирлик, Столтенберг уверува дека сите војници на НАТО се безбедни

Од:

Зајакнати се мерките за безбедност во базата Инџирлик во Турција,  која се користи за потребите на меѓународната операција против Исламска држава во Сирија, соопшти германското Министерство за одбрана.

Станува збор за планови за зголемување на готовноста, спроведени во вид на мерки за претпалзивост, со цел заштита на личниот состав, изјави претставник на Министерството, јави ТАСС. 

Базата Инџирлик се наоѓа во близина на сириската граница. Во неа се стационирани 240 германски војници, кои учествуваат во воените операции против ИД.

Во меѓувреме генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека сите единици и кадри на НАТО во Турција се безбедни по обидот за воен удар.

Столтенберг нагласи дека за тоа добил уверување од главниот командант на Обединетите вооружени сили на НАТО во Европа, генерал Кртис Скапароти.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ