ЛДП Битола: Потценувачката цена на пченицата ќе ги уништи земјоделците

Од:

Лицемерната политика на Владата на Република Македонија кон земјоделците и нивната макотрпна работа уште еднаш се покажува на дело со откупот на пченицата.

Во текот на жетвата и во година, кога имаме рекордни приноси по хектар посеана пченица, цената на лебното зрно достигнува историски минимум.

Килограм пченица се откупува за минимум 6, а максимум 8 денари. Ваквата „потценувачка“ цена не ги покрива ниту основните трошоци за производство на земјоделците и е директен поттикнувач за намалување на засеаните површини со пченица во најголемата житница во државата, Пелагонија.

Сакаме да ја потсетиме самонаречената “земјоделска“ влада дека откупната цена на пченицата пред две децении беше 12 денари за килограм. Сега цената е преполовена, а трошоците за производство се три пати зголемени во споредба со деведесеттите години.

За санирање на штетите кои ги трпат земјоделците под итно бараме да се прекине увозот на пченица, а Владата да изврши откуп на пченицата за стоковите резерви за најмалку 10 денари за килограм и веднаш да ги исплати ветените субвенции за пченицата, велат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ

ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти

Аврамоска-Ѓореска: Не е само 8 март ден на жените

Горан Наумовски