Раониќ нема да настапи на Олимпијадата во Рио

Од:

Најдобриот канадски тенисер Милош Раониќ официјално соопшти дека нема настапи на Олимписките игри во Рио поради страв од вирусот Зика.

Финалистот од неодамна завршениот Грен слем Вимблдон, во обраќањето до јавноста својата одлука ја нарече тешка.

– Со тешко срце објавувам дека одлучив да се повлечам од Олимпијадата во Рио. По разговорите со тренерите и со моето семејство донесов ваква одлука. Здравствените причини, односно вирусот Зика е главната причина за моето отсуство од Игрите. Потенцирам дека ова се однесува само на мене и не сакам да влијаам на другите спортисти, објави Раониќ.

На местото на Раониќ во канадската двојка на Игрите во Бразил ќе настапи Даниел Нестор.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен