60 мртви, 1.500 уапсени, спречен обидот за воен удар во Турција

Од:

Обидот за воен удар на турската војска најверојатно пропадна, Многу граѓани одговорија на повикот на претседателот Реџеп Таип Ердоган да излезат на улиците за да го поддржат.

Ердоган утрово соопшти дека воениот удар против неговата влада пропаднал и дека вооружените сили „не ја управуваат државата, не ја водат државата и не можат да ја водат.

Најмалку 60 лица се убиени во обидот за пуч на војската.Меѓу загинатите има и цивили, како и 17 полицајци. Уапсени се над 1.500 војници, а на голем број високи воени офицери им се одземени функциите.29 полковници и петмина генерали се сменети поради обидот за воен удар. Исто така се приведени 754 војници. Меѓу уапсените е генерал Мемдух Хакбилен началник на турската команда за егејскиот регион.

Ердоган, кој беше на одмор на југозападниот брег кога почна државниот удар, денеска во раните утрински часови долета во Истанбул и беше прикажан на ТВ меѓу насобраните поддржувачи пред аеродромот Ататурк.

Ердоган одржа говор пред своите поддржувачи откако војниците што го имаа забарикадирано мостот на Босфор го положија оружјето и се предадоа.

Сепак во Анкара и Истанбул владее хаос и се уште се слушаат звуци на пукање и експлозии по обидот на дел од припадниците на турската војската да ја преземат контролата на државата од претседателот Ердоган.

Генералштабот на турската армија е под контрола на провладините сили, но мала група војници се уште дава отпор и контролира неколку воени хеликоптери, изјави висок турски претставник.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ