Србија ќе воведе поригорозни казни за насилство во семејството и во општеството

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ ги претстави новите, построги мерки  во борбата против семејното насилство и насилството во општеството. 

Според новите мерки сексуалното вознемирување е криминално дело, а се зголемуваат и минималните и максималните казни за сексуално насилство врз деца и беспомошни лица, како и за силување. За таквите дела предвидено е да нема да има условни казни.

За делата за кои досега беа предвидени казни од три години затвор, со новите мерки казната ќе биде пет години, а за делата за кои максималната казна беше 12 години затвор сега ќе изнесува 15 години.

Предвидено е и формирање на специјални полициски групи и се воведува безбедносна мерка за потенцијалните жртви на насилство – психосоцијален третман на насилникот и следење на неговото поведение.

Новите мерки ќе стапат во сила најдоцна со 1. јануари. 

Во Србија нема казна за доживотен затвор.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда