Деминери од француските специјални служби, со контролирано детонирање, уништија сомнителен пакет што беше откриен при проверка на товарен автомобил во Ница, јави ТАСС.
Француската полиција вршела претреси во населбата каде бил забележан сомнителното товарно возило, од марката „Волво“.
Товарното возило било во сопственост на фирма која изнајмува таков вид автомобили.
Според некои податоци, камионот со кој беше извршен нападот во Ница, исто така бил изнајмен.
По извршениот напад, полицијата во Ница упаси едно осомничено лице.