Високиот религиски орган на Саудиска Арабија го осуди нападот во Ница, што досега зеде 84 жртви, се наведува на сајтот на саудиската телевизија „Ехбариа“, пренесоа британските медиуми.
Секретаријатот на Советот на високите духовни лидери, исто така, соопшти дека светот не треба да го оттргне своето внимание од војната во Сирија и од злосторствата на сирискиот режим.
„Исламот ја цени светоста на човечката крв и го забранува тероризмот, кој ги убива и тероризира мирните луѓе во нивните домови, пазари и работни места. Ова терористичко злосторство на секого треба да му биде напомена за неговите еквиваленти во стрдалната Сирија“, се наведува во соопштението на Советот.
Саудиска Арабија и се спротивставува на Владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад и ги поддржува вооружените групи кои се борат против него, потсетуваат британските медиуми.