„Масакрот во Ница ми го уништи шопингот“ – изјава која ја направи најомразена на интернет

Од:

Британката Луси Несбит Комаски која се наоѓа на одмор во Ница, за телевизијата „Скај нјуз“ даде шокантна изјава поради која за еден час стана најомразената личност на интернет.

– Знам дека ова е грозно од мене и помалку себично, но нападот во Ница ни ја расипа шопинг турата, рече Комаски и предивика лавина критики. Кога сфати што кажа, побрза да се извини преку фејсбук но тоа не намали бесот на јавноста поради нејзината бесчувствителност.

Таа тврди дека кога ја давала изјавата била во состојба на шок зашто присуствувала на стравичниот напад и погрешно се изразила пред новинарите.

Британката со нејзината пријателка пред нападот тргнала да бара тоалет па планирала да го набљудува огнометотзаедно со насобраните луѓе на шеталиштето каде се случи нападот.

Би можело да ве интересира

Уапсен осомничен за смртта на седум членови на едно семејство од Ница

Фудбалер на Ница се заканува дека ќе скокне од мост

Во Ница се преврте вагон на туристички воз, повредени се 11 лица

Ница го сака на позајмица Николас Пепе од Арсенал

Во Ница приведени уште четири лица поради терористичкиот напад

Ана Ололовска

И Ница воведува дополнителни мерки за заштита од коронавирусот

Ана Ололовска