Француската војска евакуираше еден дел од ародромот во Ница, а причината засега не е позната. Војници со пушки пребаруваат во дел од патничките торби.
Француските медиуми пренесуваат дека бомбашка единица пребарувала и едно комбе на автопатот во близина на Ница поради сомневање дека е полно со експлозив. Комбето било паркирано на сто метри од станот кој изутринава беше пребаруван од страна на полицијата, а во кој наводно живеел напаѓачот Мохамед Булел.
По деталниот претрес, специјален одред на француската полиција извела контролирана експлозија во паркираното комбе.