НСДП: Светските банки ја препознаа дијагнозата на Ставрески – „ние сме лудаци“

Од:

Реакција на НСДП за откажувањето на еврообврзницата тешка 650 милиони евра:

„Одлуката за блокирање на реализацијата на еврообврзницата, со која владата сакаше да ги задолжи граѓаните со нови 650 милиони евра, е јасна порака од светскиот банкарски сектор дека не сака да влегува во било какви финансиски зделки со криминализирана и корумпирана власт. Светските банки ја препознаа дијагнозата на екс-министерот за финансии Зоран Ставрески “ние сме лудаци, трошиме за чоколадо, а немаме за леб“ и им стана јасно дека намерата на злосторничкото здружение предводено од Никола Груевски е тие пари да ги фрли ву бунар – финансирање на клиентилизмот, корумпирање на гласачи, финансирање на непродуктивни проекти наменети за полнење на приватните џебови на својата олигархија.

Висината на еврообрзницата која се обиде власта да ја издаде, само е симптом на економскиот и финансискиот колапс со кој е соочена Република Македонија. Наспроти пропагандниот „економски процвет“, намерата за реализација на оваа задолжување е и своевидно признание на владата дека пензискиот систем е на стаклени нозе, дека македонскиот буџет повеќе не може да ја гарантира редовната исплата на платите, социјалните трансфери и субвенциите.

Блокирањето на еврообврзницата уследи непосредно по кратењето на ИПА фондовите од ЕУ и по најавата за повлекувањето на постојаната мисија на ММФ во Македонија, што јасно зборва дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ ја турка Македонија не само во политичка, туку и во економска и финансиска изолација. Политичките пораки, се заманија и со финансисики – меѓународниот финансиски капитал јасно порачува дека повеќе нема доверба во економските перформански на власта во Македонија.

И на крај, на македонската јавност и стана јасно зошто екс-министерот Зоран Ставрески си поднесе оставка и го напушти злосторничкото здружение на Груевски.“

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ