Претседателот на Франција, Франсоа Оланд во директното обраќање до француската нација нешто пред 4 часот утрово го оцени синоќашниот напад во Ница како терористичи, најавувајќи продолжување на уште на три месеци на вонредна состојба.
Оланд за нападот со Ница, во кој загинаа најмалку 80 лица кога камион влета во толпа луѓе, рече дека неговиот терористички карактер не може да се негираа.
„Франција е огорчена од оваа нова трагедија. Таа е шокирана од оваа монструозност што се случи“, изјави Оланд по кризната средба со премиерот Мануел Валс.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер го осуди синоќешниот терористички напад во Ница го нарече „кукавички“ и порача на Франција дека може да смета на поддршката на Унијата во борбата против тероризмот.