Југословенските народи мислеа дека гласаат за држава која ќе биде „нивна‟, а гласаа за држава на капиталот. Англиската работничка класа гласаше против неолиберализмот, за кој сметаат дека е „европски‟. А тој всушност е британски извозен производ, вели Растко Мочник
Вечерње новости – Белград
Европската унија се распаѓа како Југославија! Колку пати сме имале можност да слушнеме вакви коментари, од устата на најразлични домашни и странски коментатори?
Дали воопшто има смисла да се споредуваат тие две државни заедници? Бидејќи додека Југославија, таа социјалистичката, беше држава настаната од долу, со легитимитет во социјалистичката револуција, самоуправувањеѕо и неврзаноста, ЕУ настана сосема поинаку, од горе, со договор на елитите, а легитимитет и даваше геополитичкиот контекст на Студена војна.
Можеби и може да се каже дека таа споредба на различни државни заедници е во ред само во една смисла, имено во тоа кога и Југославија посака да биде брак од интерес. Таа нејзина последна фаза или секвенца, на различни начини се покажуваше со децении, а како пресвртни години можеме да ги издвоиме 1971, 1974 и со различен, растечки дезинтегративен интензитет, целите 80-ти години.
Тука ќе ги издвоиме ставовите на тројца Словенци на тема на оваа споредба. На поранешниот член на Претседателството на СФРЈ и исто така поранешен претседател на самостојна Словенија Милан Кучан; водечкиот словенечки економист, првиот министер по економија на самостојна Словенија и поранешен ректор на словенечкиот Универзитет, Јоже Менцингер и на крај на меѓународно познатиот социолот Растко Мочник, кој единствен од овие тројца застапува став дека Југославија била подобро решение од самостојни држави, а во тој дух пишуваше и против словенечката рецесија, во времето кога таа се случуваше.
Под тенденциозниот наслов „Заговорниците на Брегзит имаат менталитет каков што беше раширен во Србија пред распадот на СФРЈ“ и кај нас беше пренесено интервјуот кое Милан Кучан пред референдумот во Обединетото Кралство го даде за виенскиот весник „Стандард“. Во тоа интервју тој како основен проблем еднаков во двата случаи ги истакнува разликите во развиеноста на земјите членки и немање на солидарност.
Грчката должничка криза и европската мигрантска криза покажаа дека денешна ЕУ нема многу врска со таа од времето на Римскиот договор, кој беше во почетокот на создавањето на европските интеграции. Кучан се спротивстави на новинарската сугестија дека за распадот на Југославија најодговорен бил сепаратистичкиот национализам и дека тоа повторно го гледаме на ниво на ЕУ.
– Тука постојат многу помалку сличности, освен можеби социјалната криза, а тоа е состојба кога некои држави почнуваат да мислат за себе. Легитимно е дека секој сака да ги оствари своите интереси, но проблем е кога тоа сака да го направи на сметка на другите, изјави Кучан.
Да ја поддржи разликата, тој додава дека тој начелна нерамноправност во денешната Унија не гледа, додека тоа во Југославија станало проблем. Следи аргументацијата која во прилог на праведниот национализам, во Хрватска го слушаме од 1971 година.
– Во Југославија се работеше токму за тоа. Национализмот се темелеше на вистинска стопанска и политичка нерамноправност, иако беше прокламирана рамноправност, вели КУчан.
Затоа главните виновници за војната, според него, се Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман. Првиот бидејќи како наводно заштитник на интегритетот со помош на ЈНА се мешаше во политичките настани мимо својата главна улога. Вториот поради идеологојата на „крв и земја“ (во натписот кој го пренесе интервјуто на хрватски додадени се наводници).
Следат забелешки на современата политика на ЕУ, на која Кучан и замерува што својот идентитет го гради само на антипутинизам, што не е решение за радикалниот национализам кој настанува во Полска, Унгарија и балтичките земји. Според него, можното заминување на Обединетото Кралство нема да биде крај на светот за интеграциите, бидејќи таа земја и инаку беше со една нога внатре, а со другата надвор.
За на крај тие кои го заговараа Брегзитот по менталитетот и начинот на размислување сепак да ги спореди со ставот на Србија кон крајот на 80-тите: „Во времето на Милошевиќ мотото им беше: Србија може без Југославија, но Југославија не може без Србија‟.
Значи британските сепаратисти тврдат дека ЕУ не може без Обединетото Кралство? Макар во ЕУ влегла и Србија?
Поразработена варијанта на споредбата на двете државни заедници веќе со години, од економска гледна точка, практикува Јоже Менцингер. Тој е и автор на терминот „југословенски синдром‟, со кој воспоставува некаква рамнотежа на вината.
– Кога Југославија во текот на 80-тите години на минатиот век влезе во период на стагнација, луѓето почнаа да бараат виновници и профитери. На крај секој се чувствуваше искористен, вели тој.
Тој сличноста ја гледа во тоа што денес Германците се чувствуваат искористени од Грците и обратно. Па сепак, ќе почекаме уште за распад на ЕУ: „Ние можеби се наоѓаме таму каде Југославија беше во 1983 година‟.
Коментирајќи ја разликата дека ЕУ е заедница на држави, а Југославија сепак беше една држава, Менцингер упорно ја заговара тезата дека „економски гледано‟ членките на ЕУ се помлаку се држави. Се помалку ги контролираат своите пари, даноци и граници, а тоа според него се важни карактеристики за државна сувереност.
– Парите се печатат во Франкфурт. Државите преку своите граници повеќе не можат да го контролираат дотекот на капиталот. Директивите на ЕУ го заменуваат економскиот систем и Унијата се повеќе се меша во финансиската политика. Словенија повеќе е еден регион во ЕУ отколку држава. Оваа криза не почна во 2008 година, туку се раѓаше барем 30 години наназад. Се работи за големи промени во однос на уделот на трудот и капиталот во општествениот производ и тоа во корист на капиталот. Јас не се сметам за евроскептик, туку загрижен граѓанин на ЕУ кој се плаши од распад, но мисли дека криењето на проблемот не е решение, изјави тој за „Берлинер Цајтунг“.
Тој се потсетува и за дилемата на демократското гласање наводно еден човек еден глас или една држава еден глас, кое и дојде до глава на Југославија.
Помошта од Словенија на Грција на која се потрошени 300 милиони евра и 3,7 милијарди во гаранции, за него сега е прифатлива цена (не вели во чии раце ќе заврши таа помош).
– Ако сме влегле во некоја асоцијација, тогаш ги преземаме и добрите и лошите страни на таа асоцијација, мудар е сега Менцингер, кој не збореше така во 1991 година. Сега треба стрпливо да се чека излез од кризата или на неа да се навикнеме додека не стане нова нормалност, а тоа ќе потрае уште десет години, ако не и повеќе, претпоставува тој.
За крај од аналогиите на Менцингер ја избравме таа со еврото и братството и единството… – Ако се тоа нормални пари кои ја вршат својата функција, мислам дека до криза не би ни дошло. Се работи за политички проект кој веќе на почетокот беше лошо поставен, вели тој.
Ако добро читаме, Менцингер сака да каже и дека концептот за братството и единството од почетокот беше наводно политички симбил, кој како таков беше лошо поставен. Па, тоа повторно ја оправдува словенечката сецесија.
За ралика од двајцата идеолози на словенечката самостојност, социологот Растко Мочник вака за „Новости‟ ги истакнува сличностите и разликите на овие два случаи.
– Резултатите од југословенските референдуми за отцепување беа по уверливи од победата на Брегзитот од едвај четири отсто. Хомогеноста на југословенските референдуми предупредува дека сите групи не гласаа еднакво од исти причини и дека барем некои од нив притоа многу погрешија. Слично како сега, југословенските народи сметаа дека гласаат за држава која ќе биде нивна, а всушност гласаа за држава на капиталот. Англиската работничка класа и жителите на индустриските региони гласаа против неолиберализмот, за кој мислат дека е ‘европски’. А всушност тој е британски извозен производ, вели Мочник.
Регионите кои добиваа најголеми европски субвенции натпросечно гласаа за излез од ЕУ, како и подрачјата кои најмногу извезуваат во ЕУ. Словенија, која имаше најголема корист од Југославија, прва почна да ја руши Федерацијата. Шкотланѓаните, како Словенците, мистично го поврзуваат својот национализам со ЕУ. Па ако Шкотска сега е англиска колонија, ако се отцепи, ќе биде колонија и во ЕУ. За разлика од неа, Словенија беше метропола во Југославија, а сега е колонија во ЕУ, вели Мочник.
Она што е слично и на што тука сите инсистираат е тоа дека англискиот национализам доаѓа до израз преку екстремистичката десна страна, како УКИП, како што се изразуваа и југословенските национализми, се до фашизоидност, вели Мочник.
Таа екстремно десничарска политика на УКИП ја поддржуваат добар дел од работничките маси, кои со своето пренасочување во неолиберализам, ја напуштија Лабуристичката партија. И југословенските работнички маси станаа плен на екстремно десните политики кога го напуштија Сојузот на коуминистите. Сега таа појава ја гледаме во Франција, Италија и целата постсоцијалистичка Европа.