Ѓорческа конечно ја победи Комардина

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа конечно во четвртиот меѓусебен меч ја победи Русинката Анастасија Комардина.

Во меч од второто коло на фјучрс турнир во Бурса, Ѓорческа победи со 2-1 во сетови. Првиот сет со 6:3 во гемови и припадна на Комардина. Следните два убедливо со 6:1 и 6:2 ги доби Македонката и намали на 1-3 во меѓусебните дуели.

Мечот траеше еден час и 56 минути.

Утре во четвртфиналето нашата тенисерка ќе игра со победничката од дуелот Валерија Страхова (Украина) – Екатерина Георгадзе (Грузија).

Попладнево Ѓорческа ќе игра и во конкуренција на двојки.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен