САД ќе примат 10.000 сириски бегалци

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери соопшти дека САД во оваа фискална година ќе примат 10.000 сириски бегалци, како што претходно ветил претседателот Барак Обама.

Одредени активисти го критикуваа официјален Вашингтон затоа што премногу бавно прифаќаат лица што бегаат од конфликт, додека противниците на Обама предупредија дека меѓу бегалците може да се кријат и терористи.

Тој синоќа додаде дека САД наскоро ќе примат 10.000 загрозени бегалци избрани од кампови на ОН, чие населување во државата го одобриле американските безбедносни и разузнавачки служби.

– Тоа е шестпати повеќе бегалци отколку што примивме минатата фискална година – изјави синоќа Кери.

Американската фискална година трае од 1 октомври до 30 септември.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија