Каменуван автобус на ЈСП кај Бит пазар, повреден еден патник

Од:

Осумнаесетгодишен патник е повреден во пределот на главата синоќа околу 23:45 часот кога непознати лица го каменувале автобусот бр. 50 на ЈСП на автобуската постојка кај хотел „Султан“ на бул.„Крсте П. Мисирков“ во близина на Бит пазар во Скопје.

Автобусот за време на инцидентот се движел во правец од Центар кон Автокоманда, соопшти МВР.

Повреденото момче Ф.Ј. со брза помош е пренесено во Урегентн центар-Скопје, каде што му е укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

КСОМ предупредува на незадоволство меѓу вработените во ЈСП

Мустафаоглу: Ако договорот со „Маратон“ е чист зошто ЈСП со месеци го крие?

Предраг Петровиќ

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП