Документарци и дискусија за животот на луѓетo со попречености во Кино Култура

Од:

Во Кино Култура, вечерва, од 20 часот ќе бидат прикажани документарните филмови „Престап“ и „Ќе те носам покрај брегот“.

„Престап“ на Весна Ристовска, Ѓорги Пулевски и Симон С. и е еден вид на видео архивирање на институциите во Битола кои имаат или немаат обезбедено пристап за лицата со попреченост. Паралелно со кадрите од институциите е и интервјуто со Д-р Нико Јанков, кој 35 години се занимава со оваа проблематика.

„Ќе те носам покрај брегот“ е документарен словенечки филм, приказна за еден посебен пар, со попречености. Нина има целебрална парализа, која што ги грчи нејзините мускули, па е во инвалидска количка, а Домен доживеал тешка сообраќајна несреќа пред осумнаесет години, која го „обележува“ до крајот на животот. И двајцата поради нивните физички ограничувања знаат како е да си различен во очите на другите.
Филмот навлегува во интимата и врската на парот, со акцент на нивниот одмор на море, кога тие се првпат сами, првпат на море и првпат како и „сите други“, т.е. како останатите „нормални“ двојки.

По филмовите следи дискусија со Благој Ѓоргиев, активист, модерирана од Ѓорги Пулевски.

Би можело да ве интересира

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

„Недостиг“, нов роман од Симеон Јанков

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид

Доаѓа документарен филм за Елтон Џон: „Приказната што досега не била раскажана“

Предраг Петровиќ

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“