Без струја утре повеќе делови на Скопје

Од:

Без електрична енергија утре од 08:30 до 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „Анастас Митрев“, а од 11:30 до 15:00 часот корисниците на дел од улица „Венјамин Мачуковски“, во општина Аеродром.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради изведување технички зафати во електро-мрежата.

Без струја од 09:00 до 13:00 часот ќе останат корисниците од дел од улица „Демир Трајко“, а во време од 09:00 до 14:30 часот дел од улица 10 и село Бардовци, во општина Карпош.

Од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците од дел од улиците „Гарсија Лорка“ и „Брсјачка Буна“, а во време од 09:30 до 13:00 часот корисниците од дел од улиците „Нов Живот“, „Виничка“ и дел од улицата „Вашингтонска“, во општина Шуто Оризари.

Без струја од 09:00 до 09:30 часот ќе бидат дел од селата Патишка Река, Држилово, Елово, Црн Врв, Осинчани, Малчиште, Нова Брезница, Сателитски центар и Рудопроект, а од 09:00 до 16.00 часот дел од селото Патишка Река, ХПП Хидро, селата Држилово, Елово, Црн Врв, Осинчани и Малчиште, во општина Сопиште.

Во време од 15:30 до 16.00 часот без напон ќе останат дел од селата Патишка Река, Држилово, Нова Брезница, Елово, Црн Врв, Осинчани и Малчиште, во општина Сопиште.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз