Шарапова нема да настапи на Игрите во Рио

Од:

Судот за спортска арбитража во Лозана соопшти дека одлука по жалбата на тенисерката Марија Шарапова за двегодишната суспензија ќе донесе најдоцна до 19 септември. Ова практично значи дека руската тенисерка сигурно нема да може да настапи на Олимписките игри во Рио де Женеиро.

Шарапова суспензија ја заработи, бидејќи нејзините допинг тестови беа позитивни на забранетата супстанција – мелдониум за време на Австралија Опен.

Суспензијата беше изречена на почетокот на месец јуни.

Во соопштението од Судот за спортска арбитража, Шарапова и Меѓународната тениска федерација (ИТФ) побарале дополнително време за комплетирање на документацијата, па од таа причина жалбата нема да биде разгледана по итна постапка, иако најпрвин тоа беше планот и евентуално Шарапова да можеше да настапи и на Игрите во Рио.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен