Грабул напредуваше на АТП листата за повеќе од 700 места

Од:

Настапот во финалето на вториот фјучрс во Скопје на македонскиот тенисер Димитар Грабул му донесе скок од 705 места и со 11 поени се наоѓа на 1.002 места на АТП листата.

Од македонските тенисери најдобар ранг има Томислав Јотовски, кој се наоѓа на 701.то место со 34 поени и има скок од 14 позиции. Јотовски напредуваше на ранг листата во двојки со двете победи на турнирите во Скопје и со новите 36 поени има вкупно 70 поени и се наоѓа на 681 место или има напредок од 109 места.

Рангот на другите македонски тенисери е следен: Стефан Мицов 1.483 место (3 поени), Горазд Србљак 1.667 место (2), Бојан Јанкуловски 2.010 место (1) и Бесир Дургути 2.145 место (1). Покрај Јотовски во конкуренција на двојки ранг има и Мицов, кој се наоѓа на 1.716 место.

На врвот на АТП листата нема промена меѓу првите пет играчи: Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј, Рожер Федерер, Рафаел Надал, Стан Вавринка. Финалистот на Вимблдон Милош Раониќ остана на седмото место со тоа што ја намали разликата на пет поени во однос на Кеи Нишикори, додека Мареј ја намали разликата во однос на лидерот Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен