Сите плажи на дојранското крајбрежје, вклучително и оние за кои важи забраната за капење поради загаденост на водата, викендов беа полни со капачи.
Повеќе од три илјади викендаши од источна и југоисточна Македонија, покрај туристите кои престојуваат во Дојран, се разладуваа во езерото и уживаа на плажите под јаворите и покрај предупредувањето дека капењето е забрането на четири плажи од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
Капачите велат дека водата во езерото е чиста и не веруваат оти таа е загадена на четирите плажи кои, како што посочуваат, се дел од една целина. За нив е за неверување како може од една таква целина едни плажи да се загадени, а други не.